Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Ги следиме вашите потреби

повеќе од 22 години

Драги наши,
здраво и добродојдовте на оваа страница, направена специјално за да ви открие нешто повеќе за нас. Со неколку зборви, би сакале да ви раскажиме како започна нашата приказна, што нè инспирира и, се разбира, кои сме ние. Можеби си мислите дека Студио Модерна е позната само по брендовите Dormeo и Top Shop, но, ние ви нудиме многу повеќе, Останете со нас и продолжете да читате, ветуваме дека имаме интересна приказна за вас.

Студио Модерна е основана во Словенија, во 1992 година. Нашите почетоци беа скромни, но, низ годините, Студио Модерна стана една од најуспешните интернационални приказни. Нашиот развој беше тежок, но ние верувавме дека со напорна работа и многу ентузијазам и знаење, сè е можно. Сметаме дека никој друг не би можел да ги објасни почетоците на фирмата од нејзиниот ко-основач, г-динот Санди Чешко.

Неколку збора од него

Како започна сè? Во тоа време јас работев со обука и трговија на компјутери. Еден мој пријател ми покажа појас за болки во грбот. Мислев дека се зафркава, како може парче пластика да ги намали болките? Но, решив да им го дадам на некои пријатели кои страдаа од лумбаго. На мое изненадување, сите реагираа позитивно. Па и реков на сопругата, можеби треба да започнеме бизнис со Kosmodisk?

На почетокот беше навистина тешко. Продававме преку реклами, чесно се мачевме за секоја нарачка и ги враќавме парите на сите кои беа незадоволни. Набрзо почнавме да продаваме преку други канали а потоа и во други држави.

И еве нè сега, им помагаме на луѓето да се справат со секојдневните предизвици и им го олеснуваме животот со иновативни производи. Се надеваме дека ќе продолжиме во ваквиот напредок и ќе израдуваме уште многу семејства.

Со почит,
Санди Чешко

Нашето наследство

Сè започна во 1992 година, во мала гаража во Загорје, мал град во Словенија, кога ко-основачот на Студио Модерна Санди Чешко, започна со продажбата на помагало за р’бет наречен Kosmodisk. Овој производ им го промени животот на илјадници луѓе кои страдаат од болки во р’бетот и половината и беше единственото не-фармацевтско решение на пазарот.

По првичниот успех со Космодиск, компанијата започна да расте, лансирајќи го својот втор бренд - Top Shop. Со својата прва телевизиска реклама во јуни 1996 година, компанијата се насочи кон директен маркетинг и така започна нова ера.

Но една работа никогаш не се промени. Од првиот ден, компанијата ја мери вредноста на производите според тоа колку им се корисни на луѓето.

Прв приоритет ни е задоволството на купувачите и тоа е она по што ги носиме денешните бизнис одлуки.

Кои сме денес

Студио Модерна е водечка компанија за директна продажба преку повеќе канали, во Централна и Источна Европа.

Еве некои бројки со кои се гордееме:

Можете да нè најдете во

21 европска земја

Нашите производи се достапни во

220 брендирани продавници

Имаме

Повеќе од 130 интернет страници на 21 јазик

Купување од удобноста на вашиот дом

преку повеќе од 300 телевизиски канали

Вашиот повик го очекуваат

повеќе од 4000 агенти во 28 кол-центри

Испраќаме рекламни материјали по пошта

на повеќе од 400 милиони купувачи

Нашите брендови

Во текот на годините, научивме што навистина им е потребно на нашите купувачи. Бидејќи сме општествено одговорна компанија, ги споивме вашите и нашите желби да направиме сè што е потребно да ја зачуваме околината, па според ова, создадовме неколку брендови. Сакаме да мислиме дека нашите брендови го подобруваат животот на луѓето: спиењето, јадењето, здравјето, вежбањето. Ветуваме дека ќе работиме напорно за да бидеме уште подобри во иднина.

Сите наши брендови

’Рбетот ќе ви биде благодарен

Kosmodisk – од 1992 година

Kosmodisk е практично решение за болките во ’рбетот. Ова невидливо, лесно за користење и особено ефикасно помагало е Вашиот прв чекор на патот кон попријатен живот без болка, лекови и трошоци за масажи.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Kosmodisk

ТВ-купување

Top Shop – од 1996 година

Од своите скромни почетоци на словенска телевизија, до една од најголемте компании за директна продажба во Централна и Источна Европа. Дефинитивно, Top Shop е еден од најпрепознатливите брендови.

Производите на Top Shop се уникатни и внимателно одбрани, затоа, не е ни чудо што го пронајдоа своето место во домовите на милиони луѓе.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Top Shop

За квалитетен сон

Dormeo – од 2002 година

Во последните 12 години, Dormeo стана синоним за подобар, поздрав сон. Dormeo ја започна својата приказна со само еден душек, а низ годините, стана препознатлив бренд за спиење со преку 300 производи.

Производите на Dormeo можете да ги најдете во повеќе од 30 држави низ целиот свет, за поубав и поквалитетн сон на милиони луѓе.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Dormeo

Каде што започнува одличното готвење

Delimano – од 2010 година

Delimano е бренд со една очигледна страст – готвењето. Сè започна со керамичките садови за готвење, но Delimano, набрзо го зголеми својот асортиман со различни кујнски алатки кои ќе ги обожавате.

Нашата цел е да бидеме водечки бренд за кујнски производи во Европа и да понудиме иновативни и креативни решенија за позабавно искуство при готвењето.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Delimano

Фитнес и здравје за вас и вашето семејство

Bidifit – од 2008 година

Bidi fitпостои за да ви помогне да водите поздрав, поактивен живот. Со помошта од експертите и корисниците, ви нудиме квалитетна и достапна опрема за вежбање во домот и надвор од него.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Биди Фит

Веруваме ...

... дека секој заслужува пристоен живот. Дека секое дете заслужува да оди на одмор, да има вечера во својата чинија.

Веруваме дека природата е нашиот најдобар пријател и најголемата вредност. Веруваме во доброто на луѓето …

и поради ова, вложуваме голем напор и средства да изградиме подобар подобар свет

Општествена одговорност

Сите ние во Студио Модерна сметаме дека сме дел од општеството. Оттука, имаме обврска да подадеме рака на гладните деца, осамените возрасни лица, семејствата кои имаат потреба, жртвите на природни катастрофи … Се вклучуваме во различни хуманитарни настани за да им помогнеме на сите кои имаат потреба од тоа. Студио Модерна има добиено признанение за Бронзен поддржувач на Црвениот Крст на Македонија. Ја краси нашата канцеларија и ни е најубавиот потсетник дека заедно можеме да направиме многу добри дела.

Исто така, како работодавачи, веруваме во човечките вредности, позитивна работна околина и раководство кое го цени потенцијалот, способноста и волјата на секој поединец.

Еколошка одговорност - намалување на влијанието врз природата

Богатствата на земјата не се неисцрпни. Секој треба да биде свесен за тој факт - и ние во Студио Модерна посветуваме посебно внимание на тоа. Знаеме дека нашето влијание е мало, но исто така, веруваме дека секој чекор е важен.

Работиме напорно на обновливи материјали за производите на Dormeo и Delimano.

Производи во склад со еколошките стандарди

  • Еколошки материјали кои можат да се рециклираат

    Секој Dormeo производ е целосно произведен од материјали кои можат да се рециклираат.

  • Ceramica® еколошки материјал во вашата кујна

    Керамичките садови за готвење од Delimano се направени од глина - природен материјал кој не е штетен за нашата планета.

  • Допир на природата во вашиот дома

    Некои од производите на Dormeo се направени од природни материјали како Еукалиптус, Бамбус и Алое вера.

  • Производи кои штедат енергија

    Многи од нашите производи, како Delimano Проточниот бојлер, помагаат во штедењето електрична енергија, а со тоа се грижиме за околината.

Тоа сме ние

Драги наши,
оваа е нашата приказна. За тоа што работиме, што нè инспирира и како придонесуваме на општеството. Никогаш немаше да успееме, ако не беа нашите верни купувачи и врската која ние ја создадовме и негувавме со нив.

Затоа, ви благодариме што сте дел од нашата приказна. Искрено се надеваме дека и во иднина, ќе продолжиме да ви нудиме одлични производи за вас и вашиот дом.

Тимот на Студио Модерна