Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Добродојдовте во светот на

Во денешното хаотично секојдневние, одржувањето на добро здравје е многу важно за сите нас. Сите сакаме да сме здрави без разлика на полот и годините. За да се чувствуваме добро, да имаме енергија да ги извршуваме секојдневните обврски, треба да бидеме физички подготвени.

А за да го постигнеме тоа, секој од нас треба да се храни здраво, да има квалитетен сон, позитивни мисли и активно да вежба. Вежбањето не само што ни го подобрува здравјето, туку може да помогне во борбата против некои болести. Исто така, вежбањето прави да изгледате добро, да се чувствувате помлади, позгодни и послаби. Зар ви е потребно дополнително убедување?

Идејата за интернет продавница ја имавме подолго време. Конечно, во 2008 година се одлучивме да започнеме.

Сакавме да создадеме страница каде ќе можете да најдете сè што ви е потребно за активен живот, затоа и дојдовме до името Bidi Fit.

Фитнес и здравје за вас и вашето семејство

Во 2008 година, ги засукавме ракавите и започнавме да работиме на страница каде ќе може да се најдат различни фитнес производи.

Од самиот почеток сме фокусирани на тоа да ви понудиме производи со квалитет и добра цена кои ќе ви помогнат да бидете фит и здрави. Покрај производите, решивме да ви понудиме:

  • Решенија кои ќе ви помогнат да водите поздрав и поактивен живот
  • Совети од локални експерти

Драго ни е што можеме да понудиме средства и мотивација за луѓе од различни возрасти, да станат и да бидат фит.

Сите ние, во тимот на Bidi Fit, со гордост стоиме позади секоја акција, бидејќи го сакаме и го очекуваме само најдоброто.

Bidi Fit е резултат на одличен тимски дух, комбиниран со многу смеа и над за подобар и поздрав живот.

Ние сме тука за вас!

Сакаме да дознаеме повеќе за вас и што ве инспирира, за да можеме да ја постигнеме нашата цел. Но, што е со нас? Доколку имате прашања за тоа кои сме ние, за што се бориме или како да стапите во контакт со нас, не двоумете се повеќе. Вашите идеи, предлози или прашања, испратете ни ги на info@bidifit.com.mk

Тимот на Bidi Fit