Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
Од кауч на тркачка патека. Ти можеш!

Од кауч на тркачка патека. Ти можеш!

Зошто треба да почнете со трчање? Затоа што наеднаш прескокнувате многу пречки и сте поблиску до вашата цел!

Зошто треба да почнете со трчање?

Затоа што наеднаш прескокнувате многу пречки и сте поблиску до вашата цел!

  • Време: Трчањето не бара да се прилагодите на конкретна временска рамка претходно определена од страна на фитнес центрите!
  • Простор: Можете да трчате секаде: низ градот, на одмор, на службени патувања...
  • Временски услови: Лошото време е само лош изговор. Можете да ја проверувате временската прогноза однапред и многу едноставно да си го определите времето за трчање.
  • Дружење: Дали имате чувство дека не можете да се видите со пријателите затоа што времето ви е резервирано за трчање? Без грижи! Убедете ги и нив да почнат да трчаат и ќе имате можност да поминувате повеќе време заедно. Исто така, додека трчате децата можат да бидат со вас и да возат велосипед или ролери.
  • Финансии: Трчањето е спорт кој не го оптоварува дополнително вашиот семен буџет.
  • Возраст: Во трчањето не постојат возрасни граници. Никогаш не е доцна да почнете.

Кои се позитивните страни на трчањето?

  • Го подобрува вашето здравје, го намалува стресот и ја зголемува креативноста!
  • Се полните со енергија!
  • Ги зајакнувате мускулите, согорувате калории.
  • Запознавате нови луѓе со слични интереси!
  • Одењето и трчањето ги намалуваат знаците на депресија и вознемиреност, се чувствувате смирени, релаксирани и среќни.
  • Трчањето го зајакнува имунитетот и има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем.