Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Runtastic Orbit Фитнес тракер

Orbit Runtastic
Photos
  • Видеа
  • Слики
Orbit Runtastic Orbit Runtastic Orbit Runtastic
Runtastic Orbit Фитнес тракер

ID: 104188027| SKU: 1000068308

Runtastic Orbit е тракер на вашата физичка активност и може да се носи 24 часа за да ја следите вашата физичка активност во реално време. Ќе ви помогне да ги намалите килограмите, да следите како спиете и да го подобрите вашето фитнес ниво. Тракерот има 12 различни функции, водоотпорен е (10 bar), има вградена батерија која трае 1 недела а се полни за 2 часа. Може да се користи само тракерот, или пак да го поврзете преку Bluetooth со вашиот Android или Apple iOS телефон. Сетот вклучува: Runtastic Orbit, 2 алки за уредот (црна/сина боја), штипка, кабел за полнење, Runtastic ME апликација.

Залиха: 1
10.990,00 ден.
Јавете ни се на 02 3094-554
Детали за производот

За момент, размислете за вашиот начин на живот. Подготвени ли сте за промена?

Следете ги вашите дневни активности, спијте подобро, постигнувајте ги вашите цели и искусете нов стил на живот со Orbit. Тој служи како тракер на вашата физичка активност и може да се носи 24 часа на ден за да ви обезбеди клучни информации за вашето фитнес ниво и каде да направите подобрувања. 

Кога ќе видите колку физичка активност правите (или не правите) дневно, па и неделно, тоа може да ве мотивира да започнете да ги користите скалите или да го шетате кучето подолго. Во краен случај, ќе ви помогне да сфатите до кое фитнес ниво сте, што е првиот чекор до постигнување на посакуваната линија.

Овој фитнес тракер е лесен за употреба и затоа може секој да го користи, дури и тие што немаат паметен телефон или пак познавања од технологија. Одлична алатка за следење на вашата активност, фитнес ниво и начин на спиење со цел да сте повеќе свесни за вашето здравје и каде се потребни промени.

Runtastic Orbit има 12 различни функции:

  • Чекори, растојание, активни минути, калории:  За да можете лесно да го следите бројот на чекорите кои ги правите секојдневно и калориите кои ги трошите. 
  • Следете го вашето спиење: Следете го времето кое го поминувате спиејќи и движењата што ги правите во текот на ноќта. 
  • Следење на цели: Ќе ви помогне при достигнувањето на вашите лични фитнес цели. 
  • Следење на расположението: Обележувајте какво е вашето расположени со притискање на копчето. 
  • Индикатор за напредок: Без никаков напор, следете го вашиот напредок на мониторот. 
  • 7-дневна меморија: Ви дозволува да ги зачувате активностите и податоците до 7 дена. 
  • Време и аларм: Orbit прикажува време а можете да направите повеќе аларми. 
  • Вибрации: Вибрира прикладно, без да ве вознемири, а да ви помогне да останете на планот.
  • Бел OLED дисплеј: Висока резолуција, јасно видлив и во светли и сончеви околини, 
  • Батерија која се полни: Долготрајна батерија која се полни и трае до 1 недела.
  • Режим на преглед: Orbit функционира како втор екран, ги прикажувар растојанието, промените во надморска висина и многу повеќе…
  • Безжични синхронизирање на податоците: Автоматско префрлање податоците од Orbit на вашиот паметен телефон.

Runtastic Orbit е одличен за секој во секое време – можете да го носите на вашиот зглоб, градник, појас или едноставно носете го околу вашиот врат. Дури можете да го носите и во вода! 

Не е важно дали сте фан на новите технологии или имате мали знаење за истите Runtastic Orbit ќе ви овозможи да ги следите вашите активности во реално време директно со Orbit или преку Bluetooth на вашиот паметен телефон.

  • Runtastic Orbit е водоотпорен до 100м (10 bar).
  • Вклучува 2 привлечни алки во црна и сина боја
  • Штипка со која можете да го закачите на вашиот појас, градник, џеб или други парчиња материјал
  • Вградена батерија која држи до 1 недела и се полни за максимум 2 часа (вклучен кабел за полнење).
  • Вклучува Runtastic ME апликација за поврзување преку Bluetooth со вашиот Android или Apple iOS телефон.  Со апликацијата, можете да спортувате и сите податоци од Orbit да ги синхронизирате со апликациите. 
  • Првиот, тракер на физички активности, фитнес и спиење за сите!
  • Може да се користи само тракерот или поврзан преку Bluetooth со вашиот Android или Apple iOS телефон.
  • Вклучува 12 различни функции и е водоотпорен до 100м.
Технички карактеристики
Димензија /
Дополнителни карактеристики водоотпорен до 100м
Материјал PU, АБС, силикон

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

 
1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star
Оценка