Streamline Magnetic Upright Bike - Собен велосипед
Приредете си квалитетен аеробен тренинг, во удобноста на Вашиот дом, без оглед на временските услови
Со собниот велосипед Streamline Magnetic Upright Bike, можете да уживате во квалитетна аеробна и кардиоваскуларна вежба. Повеќе нема да имате потреба да чекате во скапите фитнес центри.
Со Собниот велосипед - Streamline Magnetic Upright Bike:
- ќе го зајакнете кардиоваскуларниот систем,
- ќе ја подобрите физичката кондиција,
- ќе ги обликувате мускулите на нозете,
- ќе го изгубите вишокот на масни наслаги,
- ќе ја забрзате работата на Вашиот метаболизам.
Возењето велосипед е практична вежба како за искусните велосипедисти, така и за почетниците
Пријатна, ултра – тивка магнетна справа со прилагодлив отпор, со цилиндрична челична рамка. Streamline Magnetic Upright Bike - Собениот велосипед е одличен избор за почетници или пак за професионални велосипедисти кои сакаат да ја оддржат нивната форма.
Магнетниот собен велосипед е креиран да се прилагодува на Вашите потреби и способности:
- 5 нивоа на отпор кој сами го регулирате рачно,
- вграден сензор за мерење на пулс,
- прилагодливо седиште,
- монитор за следење на напредокот за време на возењето.
Технички карактеристики:
- функции на мониторот: мери и следи калории, пулс, време, брзина, поминато растојание,
- ремен за зацврстување на стапалата, за постабилно возење,
- магнетен отпор за тивко и пријатно вежбање,
- седиште со прилагодлива висина,
- цилиндрична челична рамка,
- 5 нивоа на отпор,
- рачно регулирање на отпорот,
- батерии: 2x AA,
- димензии на склопена справа: 75 x 44 x 124 см.
Максимална дозволена тежина до 110 kg.
Во пакетот добивате:
- Streamline Magnetic Upright Bike - Собен велосипед,
- 2 x AA батерии,
- упатство за употреба.
Погрижете се за Вашето тело со возење велосипед во удобноста на Вашиот дом!
|