|
Single Station 100 PD Home Gym – комплетна фитнес справа
Домашен фитнес
Single Station 100 PD е комплетна фитнес справа за комплетен тренинг. Оваа една справа Ви овозможува да ги зацврстите мускулите на целото тело. Одлична е за:
- нозе,
- раце,
- грб,
- гради,
- рамена.
Вежби за зајакнување. Зошто се потребни?
За најдобар и складен развој на телото, неопходно е комбинирање на вежбите за зајакнување со кардиоваскуларни вежби. Ова е исклучително важно за сите, без разлика дали се работи за:
- рекреативни спортисти,
- љубители на спортот,
- професионални спортисти.
Па така, доколку Вашата цел е да изгубите некој килограм, резултатите најбрзо ќе ги забалежите доколку истовремено ги практикувате овие два вида на вежби. На тој начин Вашата фигура ќе биде складно обликувана.
Делувајте на оние мускули кои сакате да ги обликувате
Секој спорт е специфичен и подразбира различен начин на движење. Со тоа, секој спорт зајакнува различни групи на мускули. Зависно од Вашата цел, пред да започнете со некоја физичка активност треба да знаете кои мускули се оптеретуваат и колку.
Single Station 100 PD е наменета за комплетен тренинг – со неа можете да делувате на целото тело и токму на оние мускули кои сакате да ги обликувате.
Со комплетната фитнес справа во Вашиот дом:
1. заштедувате време: наместо да одите наваму натаму, тоа време можете да го искористите на многу покорисен начин.
2. секогаш е Ваш термин: не чекате пред справата, за некој да заврши, па потоа Вие да вежбате. Сега можете кога сакате и колку сакате!
3. заштедувате пари: сте пресметале ли колку Ве чини една годишна членарина за фитнес клуб?
4. музика по Ваша желба: за време на вежбањето можете да ја слушате омилената музика која Ви дава енергија.
Технички карактеристики
- тежина на справата: 110 кг.
- челична конструкција
- отпорот се прилагодува по желба: справата има 10 плочки со дополнителна тежинa
- единечна тежина на плочките: 4,5 кг.
- димензии на монтираната справа: 200 см. (вис.) x100 см. (шир.) x197 см. (дол.)
Справата има 1 година гарантен рок.
Во пакетот добивате:
- комплетна фитнес справа Single Station 100 PD Home Gym,
- упатство за употреба
Вршиме достава и монтажа во Скопје кои дополнително се наплаќаат:
* монтажа и достава 1490 ден
* само достава 490 ден.
За пошироката околина и останатите градови информирајте се кај нашите оператори.
Спортот е задолжителен дел на здравото живеење. Уживајте во удобноста на својот дом и комплетниот фитнес тренинг!
|