|
Одлично прашање! Кога сте болни, треба внимателно да го слушнете Вашето тело што Ви говори.
Доколку настинката ја чувствувате во делот на главата (течење на нос, послаба главоболка и сл.) можете да вежбате, но со намален интензитет (но единствено доколку се чувствувате добро и имате доволно енергија).
Откако повторно ќе се чувствувате 100% подготвени, можете да го зголемите интензитетот, исто како што сте вежбале пред да настинете.
Доколку во текот на вежбањето се чувствувате уморни или пак не ви оди најдобро, не се форсирајте. Ако продолжите со напорно вежбање, Вашата настинка може да трае многу подолго.
Доколку ја чувствувате настинката во грлото и градите (воспалено грло или крајници, отежнато дишење, бронхитис), воздржете се од какви било активности додека настинката не помине. Во овој случај, најдобро нешто што можете да направите за Вашето тело кое се обидува да ја победи настинката е добро да се одморите. |